Педесет и шестгодишен гостиварец е тешко повреден откако утрово со автомобил се судрил со камион на крстосницата од магистралниот пат Гостивар-Кичево, ул. ЈНА, и локален пат за с.Здуње.
По незгодата возачот на автомобилот со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде од доктор му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.