Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава на ГП Табановце е околу еден час, а за излез на ГП Богородица меѓу 15 и 30 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.