Нов фудбалски меч изгледа се играл во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, со кое раководи Артан Груби. Спортувањето во кабинетот на министерот кога гости му беа останати функционери од ДУИ предизвика бура реакции минатата недела. Денеска тој објави фотографии како фудбал игра неговиот гостин Александар Сорос.
-Пријателски разговор околу актуелната политичка ситуација, европската перспектива на земјата и целиот регион со американскиот филантроп и Претседател на Фондацијата „Отворено општество“, г-дин Александар Сорос – напиша Груби.
Играрии со угледот на државата
Минатата недела Груби се извинуваше на јавноста.
-Ако тоа толку длабоко задира во вашите, твоите, во сите ваши чувства, јас навистина ви се извинувам затоа што сме играле фудбал и сме играле баскет. Ако толку задира во чувствата за било кој што е трогнат од таа слика – кажа вицепремиерот Груби пред осум дена.