Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ предлага Македонија да го искористи правото на вето за влез на Финска и Шведска во НАТО со јасно ставање до знаење дека причината за таквиот чекор е бугарската блокада на нашиот пат кон ЕУ.
-Ние Македонците сме загрозени како никогаш до сега и затоа треба да прибегнеме кон вето во обид за последен спас на нацијата – велат од партијата на Стевчо Јакимовски.
Од тука коментираат дека не го прифаќаат образложението оти сме мала држава кога, напротив, власта го убедуваше народот дека со зачленување во воен сојуз како НАТО ќе бидеме побезбедни.
Меѓутоа предлогот на ГРОМ не е прифатлив за вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ кој вели дека не можат да блокираат пријателски земји, за да направат притисок врз Бугарија.
– Ние да блокираме пријателски земји, кои секогаш биле на наша страна, поради Бугарија, мислиме дека тоа не е чесно. Мислиме дека во овој момент не е таков, со војна во Украина, да блокираме две важни држави, за да постигнеме ние притисок врз друга држава, за која што Финска и Шведска не можат ништо да направат, ниту нешто да гарантираат – истакна Маричиќ.