По низата насилни случувања во општина Прилеп апелирам МВР да се справи со криминалот во Прилеп побара денеска градоначалникот Борче Јовчески.
-Како избран од граѓаните се чуствувам одговорен и јас да реагирам, затоа што алармот од Советот, со неусвојувањето на последниот извештај од Полициската станица Прилеп очигледно не беше доволен. Општина Прилеп мора да биди посигурно и побезбедно место за живеење. Безбедноста на граѓаните и зголемување на довербата кон Полицијата во насока на поголема сигурност во своето место на живеење, е мој приоритет кон кој како градоначалник на општина Прилеп ќе продолжам да работа-рече Јовчески.
Тој посочи дека во последно време градот е претворен во место каде што царува криминал, насилство и беззаконие.
– Во изминативе неколку месеци се случија бројни настани во кои беа нападнати службени лица на кои што за жал му беа нанесени тешки телесни повреди, на своите работни места и извршувајќи ги своите работни задачи. Оружје, дрога, запалени возила и насилници го преплавија градот, а вакво нешто е едноставно недозволиво ! Јавно прашувам, до кога одговорните службени лица и институции ќе го дозволуваат ова однесување на поединци, кои демонстрираат сила и моќ во градот, а со тоа го загрозуваат слободното и безбедно движење на сите мои сограѓани. Апелирам до Министерството за внатрешни работи итно и неодложно да ги преземат сите потребни мерки за заштита на граѓаните-побара Јовчески, при тоа посочувајќи дека прилепчани го бараат и го заслужуваат тоа.
Ка.М.