фото: Емил Јовановиќ

Љубомир Глигоров е професионален нуркач, кој изврши нуркање со водородна мешавина и достигна максимална длабочина од 132 метри во Охридското Езеро. Времето потребно за ова нуркање изнесуваше 130 минути. Со овој подвиг тој стана првиот Македонец што извршил нуркање на толку голема длабочина.

фото: Емил Јовановиќ

– Никој на светот досега не креирал гас за големи длабочини, тоа е многу комплексна работа, учев и истражував со години, го усовршував миксот. Не можете да нурнете само со водород, морате да направите безбедна методологија за враќањето, со години ги правев пресметките. Ова достигнување е важно и од еден друг аспект. Хелиумот што се користи за нуркање е многу поскап од водородот. Водородот го имаме насекаде околу нас. Со овој метод може да се заштедат стотици милиони евра на светско ниво – објаснува Глигоров.

фото: Емил Јовановиќ

Ова е голем чекор во безбедното мешање, складирање и транспорт на водородната мешавина и во протоколите за безбедно нуркање за Системот за отворено коло за нуркање.