Голем пожар изби во борова шума во месноста Кишински рид во Општина Лозово, информираат од Центарот за управување со кризи.
-Поради тешко пристапниот терен и опасноста од голема штета по оваа зимзелена шума кон пожарот ќе се упатат трите Ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување и два хеликоптера на МВР – велат од ЦУК.
