Фото: Нова Македонија

Со ѕвонење на камбаната, утрово во 8:30 часот почна церемонијата на осветување на храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје.

Пред голем број граѓани, верници, високи владини функционери, пратеници, претставници на политички партии и на дипломатскиот кор кои присуствуваат на свечениот чин, најпрво беше изведена “достојно ест” од страна на свештениците, по што почна церемонијата.

Осветувањето го врши архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со бројни архијереи од МПЦ-ОА.

Верниците пред осум часот утрово беа собрани пред и во храмот.

Осветувањето го следат и голем број верници надвор од црквата каде е поставен голем видео бим.

Изградбата на храмот почна во 2012 година и траеше 13 години. Работите беа интензивирани во 2024 година со што се комплетираа внатрешното уредување, надворешноста и околкниот простор.