Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи информира за сообраќајните прекршоци што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и за глобите за разни видови прекршоци:

Пречекорување на брзината на движење во населено место(дозволена брзина до 50 km на час, по исклучок до 70 km на час со знак):

до 10 km на час над дозволеното – 15 евра
од 10 до 30 km на час над дозволеното – 50 евра
од 30 до 50 km на час над дозволеното – 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци

Пречекорување на брзината надвор од населено место(130 km на час на автопат • 110 km на час на пат за моторни возила • 90 km на час на други патишта)

до 30 km на час над дозволеното – 20 евра
од 30 до 50 km на час  над дозволеното – 50 евра
од 50 до 70 km на час над дозволеното – 300 евра и забрана за управување возило од три до 12 месеци

Поминување на црвено светло:
Глобата е 250 евра

Забрана за управување од три до 12 месеци

Непрописно запирање и паркирање(пешачки премини, крстосници, мостови, зелени површини, места за лица со попреченост, велосипедски патеки, тротоари, автобуски постојки и други критични локации):

Во зависност од видот и тежината на прекршокот глобите се од 25, 40,150 и 180 евра

Учество во сообраќај со нерегистрирано возило (без важечка сообраќајна дозвола или без регистарски таблици):

Глобата е 500 евра

Ако истекот на сообраќајната дозвола е до 30 дена, глобата е 100 евра

Намалување на износот на глобите:

Ако плаќањето е во рок од осум дена, се плаќа 50 проценти од глобата
Ако има и забрана за управување, се изрекува во половина од пропишаниот рок

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите заради поголема лична и општа безбедност и за намалување на сообраќајните несреќи.