Фото: Пекселс

Автор: Спец. д-р Ратко К. Наумоски, Инфективно одделение при Општа болница Гостивар

Гастоинтестиналните инфекции (гастроентеритис) се убедливо најчести заразни болести ширум светот. Соодветно на тоа гастроинтестиналните инфекции заедно со бактериското труење со храна исто така на врвот на листата кога станува збор за причините за одење на лекарски преглед. Гастроентеритис е медицинска состојба која се карактеризира со воспаление (итис) на гастроинтестиналниот тракт, ги вклучува: стомакот (гастро) тенките црева (ентеро) што резултира со комбинација на дијареа, повраќање, абдоминална болка и грчеви. Гастроентеритисот главно ги погодува децата, и оние од земјите во развој. Најчести причинители се вируси и бактерии, а поретко паразити. Од вируси најчести се: ротавирус, аденовирус и астровирус.
Ротавирус е најчест предизвикувач кај децата. Од бактериите се ешерикија коли, кампилобактер, салмонела, шигела, стафилококус.
Пренесувањето може да дојде преку внесување на заразена вода, неправилно зготвена храна и преку неодржување на личната хигиена.
Симптоми: дијареа, повраќање и грчеви во стомакот. Кај некои пациенти има и висока температура главоболка, замор и мускулна болка. Дијареата често може да доведе до дехидратација, а детето со висок степен на дехидратација може да има одложено капиларно полнење, намален тургор на кожата и абдоминално дишење.
Дијагноза: обично се дијагностицира клинички врз основа на знаците и симптомите на лицето и треба да се направи испитување на столиците (копрокултура). Кај 10% од бебињата и малите деца се јавува хипогликемија, кај таа популација се препорачува мерење на гликозата во серум. Кога постои сомнеж за потешка дехидратација траба да се проверат и елетролитите и финкцијата на бубрезите.
Лекување – (рехидратација) орална кај лесен и среден степен на дехидратација кај возрасни така и кај деца. Еден од препораките е и диосмектит и пробиотски влакна. Овој препарат го има во кесички. Дневно кај возрасни се дава 3пати по 1 кесичка во 150ml течност и препорака е да се земе измеѓу оброците. Кај деца се дава 2-3 кесички исто така растворено во течност. Една кеса содржи 3грама сиосмектит и 2 грама пробиотски влакна. При повраќање се користи антиеметика.
Антибиотици: се користат ако гастроентеритот е од бактериска етиологија, еубиотици, пробиотици и диететски режим.
Епидемиологија: се проценува дека годишново светот од гастроентеритот се јавуваат 3 до 5 милијарди случаеви, главно кај децата и помалку возрасните, делумно поеади развојот на стекнатиот имунитет. Стапката на смртност последниве години е намалена во светот, а тоа се должи на воведувањето на оралната дехидратација.