Новиот претседател на Собранието, Африм Гаши, изјави дека нема вина и дека не прекршил одреден пропис со тоа што свечената заклетва во Парламентот ја дал прво на албански, а потоа на македонски јазик. Тој се правда дека ништо не било намерно и дека заклетвата ја прочитал на два јазика заради технички причини.
– Тоа се работи само од технички аспект, јас ја прочитав заклетвата на двата јазици. Тоа е од технички причини. Сигурно не било намерно. И да било, тоа е работа на Собранието. Без разлика, јас мислам дека не треба да обрнуваме внимание на такви работи, но и демократско право е на секој пратеник и граѓанин да реагира ако мисли дека некое право е прекршено – вели Гаши во интервју за Радио Слободна Европа.
Покрај тоа, Гаши зборуваше и за вметнување на Бугарите во Уставот и изјави дека не е сигурен дали одредиле точен датум за уставни измени, но дека за тоа, сепак, треба да се најдат 80 пратеници.