фото: Собрание

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Македонија, Вероник Улман, на која, како што информираат од неговиот кабинет, било нагласено дека со Швајцарија континуирано ја унапредуваме билатералната соработка, градиме пријателски билатерални односи и меѓусебно се поддржуваме на мултилатерално ниво.

Гаши, се вели во соопштението, се осврнал на континуираната соработка и поддршка на Швајцарската амбасада и Собранието преку Програмата за поддршка на Собранието, во рамки на која се одржа и денешната Конференција за дигитална трансформација на Собранието, како и на проектите кои се планирани во Стратешкиот план на Собранието, а се имплементираат во рамки на ПСП. Дополнително, претседателот ја запозна амбасадорката Улман со тековните активности на Собранието.

Улман подвлекла дека Конференцијата „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современ парламент“ потврдува дека Собранието е подготвено да се справи со предизвиците во напредната дигитална ера. Нагласи дека низ годините се постигна многу, но дека е значајно одредниците да се одбележат со соодветни настани како денешниот. Таа ја повтори постојаната и континуирана поддршка на Швајцарската Конфедерација за Македонија на мултилатерално ниво.

Соговорниците се согласиле дека одличните односи се цврст темел за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете држави на сите нивоа, со особен акцент на парламентарната дипломатија.