Јован Митрески на Африм Гаши поладнево му ја примопредаде функцијата претседател на Собранието и му честита за изборот.
– Им благодарам на сите граѓани што гласаа на изборите и на сите пратеници што ме поддржаа. Лично ќе се погрижам Собранието да го подигнам на повисоко ниво, да биде во служба на сите граѓани – изјави Гаши.
Тој најави соработка со, како што рече, сите политички партии.
– Најбитно е да ги зацврстиме инститиуциите, да зрееме како држава и како институиции – потенцира Гаши.
Митрески му посака успех во работата на Гаши.
– На најдемократски начин сакам да ја испочитувам волјата на мнозинството предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Африм Гаши да биде избран за претседател на Собранието и воедно да му честитам. Му посакувам успех во работата и нему и на Собранието во целина, вклучувајќи ги сите пратеници. Собранието во демократска земја е една од најважните и најважна инститиција во која се одвиваат сите значајни процеси за државата. Затоа е многу битно и во следниот период да продолжи да се јакне неговата независност, да се јакне неговиот контролен механизам, транспарентноста. Само на тој начин ќе продолжиме да ја врќаме довербата на граѓаните во Законодавниот дом – истакна Митрески.
Тој им заблагодари за досегашната соработка на собраниските служби, за нивната посветеност и професионалност, а благодарност искажа и до медиумите.