Претседателот на Собранието, Африм Гаши до граѓаните упати честитки по повод големиот христијански празник – Божиќ.
-Почитувани граѓани од православна вероисповед, Во името на Собранието на Република Северна Македонија Ви го честитам православниот Божиќ. Овој ден е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество: толеранцијата, солидарноста и почитта еден кон друг- наведува спикерот на Законодавниот дом во честитката.
Посакува овој празник да донесе мир, хармонија и радост во срцата на сите верници.
-Нека оваа година биде година исполнета со успех, бериќет и здравје за сите вас. Честит Божиќ!- посочува Гаши во честитката.