Македонскиот амбасадор во Обединетите нации Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, потврдија од МНР за МИА.
– Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека согласно Законот за надворешни работи македонскиот амбасадор во ОН, Љубомир Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството – велат оттаму.
Од Министерството информираат дека за сите дополнителни детали јавноста ќе биде навремено известена.
Телевизија Канал 5 вчера објави дека Фрчкоски е повикан на консултации во Министерството, а како причина за неговото враќање, „освен конзистентно непостапување по насоките кои во изминатиот период ги добивал од Министерството е и нотирана финансика недисциплина – затајување на материјални средства од сукцесија на објекти, како и трошење финансии спротивно на правилниците за работа на дипломатско конзуларните – претставништва“.