Фото: Нова Македонија

Продолжуваат гужвите и редиците пред пунктот на МВР за промена на лични документи без претходно закажување, во рамки на полициската станица Пролет во Скопје.
Во нашата редакција се јавија револтирани граѓани кои споделија фотографии од повеќечасовното чекање во долгата колона, а исто така добивме информација дека на жена меѓу присутните пред пунктот ѝ се слошило, по што било повикана брза помош која ја однела во некоја од државните клиники.

Фото: Нова Македонија
Фото: Нова Македонија
Фото: Нова Македонија
Фото: Нова Македонија
Фото: Нова Македонија

Состојбата со метежот се забележува во повеќе наврати уште од отворањето на пунктот на 15 ноември.

Пунктот беше отворен за граѓаните да ја направат промената на личните документи со името Република Северна Македонија, задолжителна обврска што произлезе од Преспанскиот договор потпишан со Грција, во определениот законски рок до 12 февруари в година.

Пунктот во ПС Пролет е отворен од 8 до 18 часот во текот на работните денови, додека во викенд работи од 8 до 16 часот, како што извести Министерството за внатрешни работи (МВР).