Денот на државноста и Денот на вооружените сили на Република Хрватска беа одбележани во Скопје, во организација на хрватската Амбасада во Македонија.
Денот на државноста е национален празник кој се слави на 30 мај во знак на конституирањето на првиот демократски избран повеќепартиски Парламент. На овој ден во 1990 година, хрватскиот парламент ја одигра својата историската улога во зачувувањето на хрватската државност, потврдувајќи го територијалниот суверенитет, интегритет, јазик, култура и самобитност на целата територија на Хрватска.
Домаќини на настанот беа хрватската амбасадорка во Македонија, Нивес Тигањ и военото аташе, полковник Стјепан Домјанчиќ, а на самиот старт на одбележувањето, беа интонирани македонската и хрватската химна.
На одбележувањето беа премиерот Христијан Мицковски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, како и други претставници на Владата на Македонија и голем број јавни личности.