Фото: Маја Јаневска Илиева

Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје вчеравечер се одржа литургиска прослава на Христовото Воскресение – Велигден, најголемиот и најсветлиот христијански празник. Со литургија чиноначалствуваше Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. На полноќ верниците си честитаа со: Христос воскресна! Навистина воскресна!.