Фото: Маја Јаневска Илиева

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), на денешниот протест најави дека ќе поднесе законско решение со кое ќе се предвиди намалување на платите на функционерите и зголемување на платите на работниците.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека синдикатите повеќе нема да чекаат и да се молат, туку активно ќе се борат за повисок животен стандард за работниците.

ССМ бара минималната плата да изнесува најмалку 600 евра, како и зголемување на сите останати плати за минимум 6.000 денари, со цел да се ублажи притисокот од растечките трошоци за живот.