Фото:Весник-Илинден

Излезе од печат првата разгледница „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“. Има 12 фотографии од традиционалните македонски носии од Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник – Билишта, селата Крчишта и Ербеле – Поле – Маќелара, која е авторско дело на Никола Ѓурѓај, инаку претседател на македонското друштво „Илинден“- Тирана и уредник на Македонски весник „Илинден”.

Ова издание е отпечатено со финансиска поддршка на семејство Ѓурѓај.

Разгледницата со народни носии на македонско малцинство во Република Албанија, ќе се дели низ Република Албанија и претставува значаен придонес за зачувување на македонското културно наследство на македонците во Република Албанија.