Фото: Маја Јаневска Илиева

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска поднесе сопствен предлог за А-интегрирана дозвола до Министерството за животна средина, во контекст на постапката за обновување на дозволата на цементарницата ТИТАН Усје.

Фото: Маја Јаневска Илиева

Иницијативата реагира дека Министерството не ја објавило навреме поднесената апликација од компанијата, што, како што посочуваат, може да ја продолжи постапката и до 50 дена. Според процедурата, следува јавна расправа во која граѓаните најавуваат активно учество.

Од „Стоп за Усје“ велат дека нивниот предлог е изработен во согласност со европските регулативи за цементната индустрија и препораките на Светската здравствена организација, со цел да се обезбедат повисоки еколошки стандарди.

– Нашата порака е јасна – повеќе нема простор за одложувања. Здравјето на граѓаните е во рацете на институциите – порачуваат од иницијативата.

Фото: Маја Јаневска Илиева

Како дел од акцијата, еко-активисти и спортисти симболично трчаа од фабриката до Министерството, испраќајќи порака за чист воздух.

Од иницијативата нагласуваат дека ќе продолжат со јавен притисок сè додека не се разгледа и прифати нивниот предлог, оценувајќи дека одлуката ќе биде клучна за квалитетот на воздухот во наредните години.