Владата денеска ја одржа 13-тата седница, на која се донесени повеќе одлуки и решенија, меѓу кои и за спроведување на постапката за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, со што ќе се решава сообраќајниот хаос во Клиничкиот центар.
Како што информираат од владината прес-служба, Владата усвои информација за формирање Комисија за спроведување на постапката за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за изградба на катни монтажни гаражи во Универзитетски Клинички центар – Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.