Во Прилеп, според информациите потврдени од неколку институции, се вршат
претреси на повеќе локации низ градот, домови на осомничени, со цел откривање на
можен криминал. Акцијата се врши по налог на Обвинителството, од каде ни потврдија
дека се вршат претреси и дека во фаза на предистрага не можат да даваат повеќе
инфромации.
– Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција. По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази – информираа од Обвинителството. Ка.М