Министерот за правда Игор Филков, на прес конференција побара од судовите, сите судски инстанци и Судскиот совет, да преземат дејствија со кои ќе се преиспита целиот случај со прерано загинатата Фросина.
– Ве информирам дека денеска донесов одлука да ја разрешам од членство во работна група во Министерството за правда, судијата чие име ја бранува јавноста. Ова го правам со цел да не се дискредитира процесот кој што е започнат за потребните суштински реформи во правосудството. Одговорност мора да се утврди и тука нема компромиси. Граѓаните очекуваат правда а институциите се должни да ја испорачаат, брзо, правично и транспарентно. Непостапувањето и спороста отвора можност утре да имаме исти или слични случаи – рече Филков.
Тој додаде дека правосудниот систем мора да се менува од корен, однадвор, но и одвнатре.
– Нема да дозволам неказнивост и недопирливост – потенцираше тој.