Фото: Маја Јаневска Илиева

По повод големиот државен и национален празник 2ри Август – Денот на Републиката и Денот на првото заседание на АСНОМ, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на централното чествување во Крушево.

Во изјава за медиумите, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го честиташе Илинден на сите граѓани и повика на заедништво за продолжуавње на борбата за Македонија.

– Го честитам празникот Илинден од историското и храбро Крушево, од каде што тргна револуцијата, од каде што тргна големата борба, епопејата за слободна, независна држава.  Денеска ги славиме и двата Илиндени, и тој од 1903-та и тој од 1944-та и АСНОМ. Мора прво да се присетиме и да оддадеме признание на сите жртви коишто со својата крв, со својата жртва се вградија во темелите на нашата модерна држава. Тие ја започнаа борбата за да од една сиромашна, полуфеудална и неразвиена земја ние сега живееме денеска во модерна и развиена држава. Меѓутоа мора да признаеме дека нашата мирновременска борба не е завршена, дека мораме уште многу напорно да работиме, да конечно станеме дел од Европа каде што припаѓаме, и цивилизациски, и културно, и географски. Сите заедно мора да работиме и да ги оставиме настрана и поделбите и квалификациите на патриоти и предавници, затоа што вистински патриотизам е само унапредување на нашата држава – порача Филипче.

Тој рече дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и понатаму ќе биде глас на напредокот, заедништвото и европските вредности кои Илинден и АСНОМ ги симболизираат.