Фото: Факултет за туризам и бизнис логистика

Факултетот за туризам и бизнис логистика и оваа година традиционално ја организира 16. по ред Туристичко – гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот.

Настанот ќе се одржи на 30 мај 2025 година (петок) во хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, со почеток од 11 часот.

Изложбата е отворена за јавноста и претставува уникатна можност за промоција на гастрономијата, виното и туризмот.