Владата денеска на официјалната веб страна го објави францускиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик.
Предлогот може да се преземе на следниот линк:
• Линк до објава на предлогот на француското претседателство на англиски и македонски јазик
Објавувањето на предлогот, како што информираат од владината прес-служба, е со цел транспарентно информирање на јавноста.
– Предлогот во кој се вградени забелешките на Владата од средината на минатата недела е достапен за јавноста и ставен на широка консултација која премиерот Димитар Ковачевски ја води со сите чинители во државата, вклучувајќи ги и опозициските партии, граѓанските организации и медиумите – информираат од владината прес-служба.
Владата, исто така, продолжува со транспарентно информирање на владината коалиција, сите засегнати страни и граѓаните за предлогот преку јавна дебата.