Се разгледуваат опции за репатријација и евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати, вклучително и можноста за излез преку копнената граница со Оман, информира амбасадата на Република Македонија во Абу Даби.
Во објавата се наведува дека мал број летови успеале да се реализираат од аеродромите во Абу Даби и Дубаи, кои претходно биле цел на напади од Иран. Со тие летови биле евакуирани исклучиво патници што се затекнале во транзитните зони.
Амбасадата посочува дека е во континуирана комуникација со надлежните институции на ОАЕ за да се организираат дополнителни евакуациски летови, веднаш по добивањето потврда дека воздушниот простор е повторно безбеден за сообраќај.
Информацијата е споделена преку официјалниот фејсбук-профил на дипломатското претставништво во Абу Даби.
Сите заинтересирани лица може да пријават во ДКП Абу Даби.
Дежурен мобилен број на Амбасадата +971 56 441 7532
Емаил адреса: [email protected]


































