Со започнувањето на ЈУФРЕКС/ХЕЛП онлајн курсот: „Обука за правни професионалци/ки за Заштита и безбедност на новинар(к)ите“ за суди(јк)и, јавни обвинител(к)и и адвокат(к)и во Северна Македонија, Европската Унија и Советот на Евроа уште еднаш покажаа дека ја поддржуваат заштитата и безбедноста на новинар(к)ите.
Курсот започнува на онлајн Платформата на Советот на Европа за Едукација за човекови права за правни професионалци/ки (ХЕЛП) и е дел од заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија (ЈУФРЕКС), кој има за цел да ги зајакне слободните, независните и различните медиумите, како суштински дел од едно демократско општество.
Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, рече „Вредноста на овој курс, кој има за цел дополнително да им помогне на правните професионалци/ки, новинар(к)и и службеници/чки за спроведување на законите во идентификувањето и адресирањето на заканите упатени кон медиумските актер(к)и, е уште поголема во време кога слободата на изразување – клучен елемент на демократијата и суштинска вредност на ЕУ – се соочува со бројни предизвиви, не само во земјата, туку и во ЕУ и ширум светот. Новинар(к)ите и понатаму се цел на вербални и физички напади, и се соочуваат со опструкции во нивната секојдневна работа, што пак ја загрозува нивната клучна улога како чувари во општеството. Последниот таков пример кај нас е неодамнешниот напад на ТВ екипа во Гостивар. Препорачуваме измени и дополнувања на легислативата со цел подобрување на
позицијата на медиумските актер(к)и, но исто така ја истакнуваме важноста на широки и сеопфатни консултации кои треба да вродат со квалитетни закони кои потоа ќе бидат целосно имплементирани во пракса.“
Патрик Пенинкс, раководител на Одделот на информациско општество, им се заблагодари на учесниците/чките за соработката при зајакнувањето на капацитетите на правните професионалци/ки со цел да се осигура слобода на изразување преку заштита на новинар(к)ите.
– Со оглед на штетните последици кои ги предизвикуваат нападите на новинар(к)ите во демократските општества, заштитата на новинар(к)ите и другите медиумски актер(к)и е високо поставен приоритет на Советот на Европа. Преку низа на активности, Советот на Европа се стреми на новинар(к)ите и другите медиумски актер(к)и во своите земји-членки да им овозможи исполнување на нивните улоги како чувари на демократијата, без мешање и без страв, и дека ниедно кривично дело сторено против новинар(к)и и други медиумски актер(к)и нема да помине неказнето – заклучи Пенинкс.
Наташа Габер – Дамјановска, Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија, ги потврди нивните заложби за следење на Европските стандарди во едукацијата на суди(јк)ите и јавните обвинител(к)и. „Соработката со проектот ЈУФРЕКС во изминатиот период многу придонесе за обучувањето на суди(јк)и и јавни обвинител(к)и во полето на слободата на изразување, и во идниот период ќе се фокусираме на последните случувања во судската пракса на Европскиот суд за човекови права во делот на заштита и безбедност на новинар(к)ите – рече Габер-Дамјановска.
Во своето обраќање, Претседателот на Адвокатската комора на Северна Македонија,
Љубомир Михајловски, се осврна на успешната соработка со заедничкиот проект на
Европската Унија и Советот на Европа, Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија. Тој истакна дека знаењето со кое се стекнуваат адвокат(к)ите од ваквиот тип на обуки ги мотивира да ги користат и применуваат Европските стандарди и судската пракса на Европскиот суд за човекови права во нивното професионално секојдневие.
Драган Секуловски, Извршен директор на Здружението на новинари на Македонија, говореше во името на новинар(к)ите и другите медиумски актер(к)и во Северна Македонија.
– Потребни се поголема политичка волја и систематски решенија кои ќе водат до разрешници на стари случаи на напади на новинар(к)и и спречување на нови напади. Втора работа која треба да се направи е зголемување на социјалните стандарди на новинар(к)ите и загарантиран социо-економски статус на сите професионални медиумски актер(к)и. Зголемувањето на економските стандарди на новинар(к)ите е значајно за да тие бидат поотпорни на притисоци и да бидат помотивирани да произведуваат квалитетни содржини во служба на јавниот интерес – заклучи Секуловски.
Курсот ќе биде под водство на две локални туторки кои на своите колеги/шки суди(јк)и, јавни обвинител(к)и и адвокат(к)и ќе им помогнат во препознавањето и адресирањето на заканите упатени на новинар(к)и и други медиумски актер(к)и. Темите во рамки на обуката се разгледуваат на практичен начин, преку презентации, интерактивни вежби, тестови на знаење и вежби за рефлектирање.
ЈУФРЕКС/ХЕЛС онлајн курсот нуди преглед на клучните стандарди и правни рамки за заштита на новинар(к)ите, помага да се идентификуваат и разберат различните форми на притисок со кои се соочуваат новинар(к)ите, и нуди механизми за борба против и спречување на неказнивоста.
Курсот – кој трае 10 часа – е интерактивен и користи иновативни методи на предавање. Покрај курсот под водство на тутор/ка, курсот е исто така достапен за самоучење и сите заинтересирани може бесплатно да се регистрираат на линкот.
Оваа активност е организирана во рамки на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, и проектот „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“, и е имплементиран во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители и Адвокатската комора на Северна Македонија.