Согласно најавените ограничување на испораката на природен гас од дистрибутерот Номагас, во периодот од 1 до 5 април годинава ќе има минимални редукции на испораката на топлинска енергија кај корисниците на ЕСМ Снабдување со топлина и ЕСМ Енергетика – информираат од АД ЕСМ.
Очекуваме, додаваат, дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите пониски од 20+1 степен Целзиусов.
-Причина за ограничување на преземањето на природен гас од Бугарија кон Македонија, како што извести Номагас, е поради изведување ремонтни зафати за време на грејниот период, на транспортните системи за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот Турски тек – велат од АД ЕСМ.
За дополнителни информации, како што посочуваат, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100 во ЕСМ Снабдување и на (02) 3104 872 и (02) 3104 816 во ЕСМ Енергертика.