Фото: Пекселс

Едно лице е повредено вечерва во сообраќајна незгода што се случи на раскрсницата кај „Веро“ во скопската населба Аеродром, јавува МИА.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во моментот се врши увид на местото на незгодата.

Повреденото лице е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и според првичните информации не е во животна опасност.