Професорката Славица Арсова од Клиниката за психијатрија објаснува дека скоро 30 проценти од тинејџерите страдаат од депресија. Младите луѓе според направените истражување кај група на адолесценти, бремени жени, породени жени и возрасни граѓани покажале дека една третина имаат знаци на депресија и анкцсиозност. Многу важно според Арсова е во која фаза ќе се открие состојбата и колку семејството општеството е подготвено да помогне.
– Многу е важно семејството средината, доколку индивидуата има семејство кое нема близина не дава поддршка тогаш проблемот останува и се продлабочува. Доколку има семејство каде се прифаќа состојбата, и близок со човекот кој има депресија побрзо ќе се побара помош и таа личност ќе има подобар живот и ќе биде самостојна – вели проф.д-р Славица Арсова Клиника за психијатрија.
Голем печат во живеењето и психолошкото здравје остави и ковид пандемијата. Психјатрите велат дека најмногу на удар биле адолсецентите, бремените жени. Она што е добро е што во дневната болница во клиниката еднаш неделно има група за поддршка на мајки и бремени жени каде има голем успех. Мотото на Светскиот ден на менталното здравје е „Нашето психичко здравје – Наше право!“