Во утрешното печатено издание и на порталот на „Нова Македонија“ прочитајте ја колумната на професорката Билјана Ванковска.
Треба ли да потсетиме каков насилнички и лажиран чин беше изборот на Талат Џафери? Нешто што го видовме со свои очи! Какви срамни и противуставни закони се донесоа оттогаш, како криминално го сменија Уставот (и името)? Но тие фини господа и госпоѓи (божем народни претставници, а претставуваат еден сиромашен, понижен, згазен и сè погневен народ, кој нив ги доживува како туѓо тело) се згрозија од куп фрлени хартии со амандмани и два скршени монитора! Или тие не гледаат подалеку од носот (а носот им е затнат пред сета таа реа што се шири во нивниот „дом“) или намерно глумат пуританци, префинети и културни луѓе, да не речам политички светци? За жал, дојдовме во ситуација кога апсурдот станува нормален, па за да забележи некој воопшто како тивко и упорно се урива демократијата, мора да се дејствува „радикално“, пишува Билјана Ванковска во утрешната колумна.
Целата колумна прочитајте ја во утрешното печатено издание и на порталот на „Нова Македонија“