Фото: Архива

Општина Прилеп обезбеди средства за реализација на два нови проекти, одобрени преку Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.

– Првиот проект „Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“ доби финансиска поддршка во износ од 2.500.000 денари преку Повикот за развој на урбаните подрачја и одржлив урбан развој. Со средствата ќе се набави нов мини багер, кој значително ќе придонесе кон поефикасно и континуирано одржување на јавните зелени површини низ градот. Вториот проект „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули заради воспоставување стабилност на еколошките процеси и биолошката предeлска разновидност“ е поддржан со 2.000.000 денари преку Повикот за развој на подрачјата со специфични развојни потреби. Проектот предвидува набавка на трактор со приколка и дополнителна опрема неопходна за успешно пошумување и заштита на овој важен природен локалитет. По набавката, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со кое што заедно ќе ги спроведуваме на активностите на терен – вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Општина Прилеп, потенцира Јовчески, работи на подобрување на квалитетот на живот, заштита на природата и создавање почиста и позелена животна средина за сите граѓани. Ка.М.