Фото: Нова Македонија

Во околината на Скопје моментално активни се два пожари. Пожари има во цетарот на градот кај железничка и Автобуската станица и на Качанички Пат кај Визбегово.

За пожарот кај железничка и Автобуската станица според информациите кои ги добивме од Центарот за управување со кризи (ЦУК) се работи за запалена сува трева помеѓу праговите на железничката пруга. На терен се противпожарните екипи.

Исто така БППЗ интервенираат и поради запалено ѓубре и сува трева на Качанички Пат кај Визбегово.