Два лека против згрутчување на крвта од крајот на ноември ќе може да се земаат на рецепт во аптека. Ова денеска го истакна генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
Тој по брифингот со новинарите изјави дека станува збор за двата антикоагуланси Еноксапарин и Надропарин, кои досега беа на болничката позитивната листа и за домашно лекување граѓаните мораа да користат рефундации.
– Граѓаните веќе не мора да се малтретираат по шалтерите на Фондот за да ги рефундираат средствата за овие лекови, ќе има полесен пристап до лековите, а ние ќе имаме помал протисок за работа и ќе можеме да се концентираме на други прашања – рече Клековски.
 
             
		


































