Фото: Н.М.

Амбасадата на Руската Федерација во Македонија вчера приреди државен прием во Скопје по повод 80-годишнината од Денот на победата над фашизмот.

-Денес на Западот се обидуваат да ги фалсификуваат фактите за настаните од тој период. Вистината е дека главниот удар на нацистичката Германија и нејзините помагачи го претрпе Советскиот Сојуз и неговиот мултинационален народ од сите сојузни републики, а митот за непобедливоста на германската воена машинериjа го разби Црвената Армија. Народите на Советскиот Сојуз победија заедно. Никој нема да може да го омаловажи нашиот подвиг, ниту да го подели на поединечни победи – рече во својот говор рускиот амбасадор Сергеј Баздникин.

Фото: Н.М.
Фото: Н.М.
Фото: Н.М.

-Ние не само што ја одбранивме независноста и суверенитетот на нашата земја. Во тешки битки ги ослободивме народите на Европа, чија независност денес е директна последица на самопожртвуваност на советските војници и офицери, кои претрпеа бројни жртви – повеќе од еден милион животи. Ќе го чуваме светлиот спомен на херојските предци, ама и ќе се гордееме со нашите војници и офицери – наследници на поколението на победниците. Во борбата против нацизмот рамо до рамо со нас се бореа сојузниците во антихитлеровата коалиција, членови на партизанското движење. Се поклонуваме пред храброста на учесниците во Народноослободителната борба во Македонија, на борците на Народноослободителната армија на Југославија, на кинеските војници во текот на борбата против јапонскиот милитаризам – истакна меѓудругото Баздникин.

На настанот присуствуваа архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, митрополитот тетовско-гостиварски Владика Јосиф, епископот хераклејски владика Климент, потпретседателот на Владата, министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, пратениците на Собранието Реџеп Исмаил Хактан, Јована Мојсоска, Драган Недељковиќ и Даниел Стојчевски, амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ, амбасадорот на Турција Фатих Улусој, амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, вршителот на должноста амбасадор на НР на Кина во Македонија Су Леи, воениот аташе на Амбасадата на Кина полковник Цзу Нин, почесниот конзул на Русија во Охрид Велимир Стојковски, членови од дипломатскиот кор, членови на политички партии, јавни и културни дејци, академици и научници, стопанственици, претставници на медиуми, како и активисти на здруженијата за македонско-руско пријателство.
За време на приемот, гостите гледаа презентација на „Бесмртниот полк“ и документарен филм за првата Парада на Победата од 1945 година.
Гостите се послужија со храна од традиционалната руска кујна, подготвена под водство на готвачката на амбасадата, пенливо вино во лимитирано издание „Победничко црвено“.
Интерес кај присутните предизвикаа ракотворбите и цртежите на децата од училиштето за дополнително образование со изучување на рускиот јазик „Озарение“  за натпреварот посветен на Денот на победата, како и сувенири подготвени од организацијата „Артељ“.

Фото: Н.М.
Фото: Н.М.

Говорот на амбасадорот може да го прочитате на ЛИНКОТ.