Премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија соопшти дека нема причини за загриженост и дека снабдувањето со гориво во земјава е стабилно.
На состанокот се разговарало за актуелната состојба со нафтените деривати, особено во контекст на кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици со кои се соочува енергетскиот сектор.
-Заклучивме дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на гориво има доволно и потребите на пазарот се целосно задоволени – објави премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Тој додаде дека институциите внимателно ќе ја следат состојбата и ќе преземаат соодветни мерки доколку се појави потреба.
-Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби – порача претседателот на Владата.































