Драганчо Саботковски, кандидат на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ е реизбран градоначалник на Општина Могила.
Саботковски денеска освои 2.070 гласови, со што ја потврди победата на овие локални избори и обезбеди нов четиригодишен мандат.
Старо-новиот градоначалник на Општина Могила, Драганчо Саботковски се смета за голем патриот, чесен човек со високи морални, лични и професионални квалитети, кој се залага за решавање на проблемите на граѓаните. Негова најголема амбиција е Могила да стане поубаво место на живеење, да биде инфраструктурно уредена и да се намали иселувањето на младите од општината.

































