В сабота претежно во источните делови ќе има повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер (наместа над 70 километри на час), прогнозира Управата за хиреометеоролошки работи.
Од недела ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, освен во среда кога се очекуваат локални врнежи од дожд.































