Фото: Киро Попов / ппј.мк

Во Европска куќа во Скопје денеска беа доделени наградите за најдобри новинарски стории и фотографија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“. Првата награда за најдобар новинарски текст „Аерозагадувањето во Македонија одзема 5.000 животи годишно како да сме во војна“ од страна на авторките Сунчица Николовска од МРТ, Мирјана Мирчевска Јовановиќ од Канал 5 и Пелагија Младеновска од ИРЛ, објавена на платформата Дома.еду.мк при Институтот за комуникациски студии.

Втората награда ја доби новинарката Дивна Грданова Караџовска за видео-сторијата ТВ Тера од Битола „Како да се спаси моликата“. Наградата за најдобра фотографија ја доби фоторепортерот доби Борис Грдановски од „Независен“.

Пофалници за стории добија новинарите Катерина Топалова од МРТ и Орце Костов од „Фокус“.

Првонаградените Николовска и Мирчевска-Јовановиќ изразија благодарност за наградата посочувајќи да се биде новинар денеска значи да се биде глас на граѓаните и на првадата и оти само со транспарентност и одговорност можеме да бараме промени. Посочија дека наградата е факт како три новинарски куќи може да направат одличен производ и се пример за добро известување.

-Овој настан го организираме во пресрет на 3 Мај Светскиот ден на слободата на медиумите кога потсетуваме колку нам како граѓани и новинари ни е драгоцена слободата на изразување. Слободата на прашување и покренување теми преку медиумите, но и слободата на критика поткрепена со факти кога работите во заедницата не одат како што треба. По овој повод ги потсетуваме и властите дома и во светот да се држат до нивните заложби дека ќе негуваат клима на слобода на изразување, медиуми без притисоци и контрола било од политички или бизнис фигури, како основа за реален демократски напредок – изјави во обраќањето Билјана Георгиевска извршна директорка на СЕММ.

Таа истакна дека СЕММ е мала организација но со многу голема цел и сесрдно се залага не само за почитување на слободата на изразување туку и за почитување притоа на правилата на игра – етичките норми зацртани во кодексот на новинарите на Македонија и сите други стандарди што произлегуваат со развојот на новите технологии.

-Како тема за годишните награди ја одбравме човековта околина која е во сериозен ризик и сме бескрајно среќни што одзивот меѓу новинарите беше одличен на нашиот повик. Пристигнаа 30-тина стории од 25 автори новинари и фоторепортери од различни медиуми а речиси сите со силна порака дека деградацијата на природата што го загрозува целиот жив свет на ова сликовито парче земја не смее и понатаму да се игнорира. Не е тоа луксуз туку прашање на опстанок. Пристигнатите стории и фотоалбуми ги разгледуваше тричлена комисија во состав – Ирена Мулачка главна уредничка на магазинот „Фокус“, Горјан Јовановски еко активист и советник во Град Скопје од независната коалиција „Зелен хуман град“, и јас Билјана Георгиевска како извршна директорка на Советот на етика – посочи таа.

Евроамбасадорот Рокас, кој ги врачи наградите, рече дека овие награди доаѓаат од проект на ЕУ за поддршка на новинарството како јавно добро, тие награди ја препознаваат вашата работа таа работа покрива прашања кои што се важни за сите нас како Европејци.

-Сите автори на сториите играат мошне важна улога односно ја поткрепуваат улогата на новинарството за еманципирање на општеството. Климатските промени се факт, ние го знаеме тоа и исто така ги знаеме и последиците кои стануваат само посилни и се пораспространети особено ако не дејствуваме веднаш заедно и на глобално ниво. Во изминатите години во Северна Македонија имавме сериозни поплави, природни катастрофи, пожари, да не го споменувам тука загадувањето на воздухот, а поради тоа што земјата се потпира на јаглен за производство, веќе си го зема својот данок – рече Рокас.

Тоа, посочи тој, кажува многу за итноста на овие прашања мора да дејствуваме сега се додека размислуваме за тоа како да продолжиме напред, следејќи ги столбовите на европскиот Зелен договор каде што не се покриваат само климатските предизвици туку се претвораат и во економски можности, сепак се соочуваме со сериозна пречка на патот напред а тоа секако се дезинформациите.

-Имаме видено моќни интереси, од индустриите за фосилни горива политички ликови, но и влијанието на социјалните медиуми инфлуенсерите кои велат дека науката не е точна, проблемот едноставно се преувеличува. Деизнформациите не само што не збунуваат туку и не парализираат, креираат чувство на несигурност коишто ги спречуваат широките политики и корпоративната отчетност. Понатаму, дезинформациите креираат поделби, поларизации и креирање недоверба и непропорцинално влијае врз маргиналзираните единици и заедници кои се веќе погодени од кломатските промени и немаат како да се одбранат од нив, рече Рокас.

Посочи дека ние прво треба да се едуцираме себе си но и другите мора да ги зголемиле доверливите извори и трето, мора да зборуваме за предизвиците секогаш кога ќе се соочиме со нив а знаеме дека ги има многу.

-Мора да се залагаме за посилна заштита, за правата за вистинска информација. Денес ги славиме новинарите кои ги водат овие начела и кои преку својата работа градат доверба – нагласи Рокас.

Новинарските награди се дел од активностите на проектот Градење доверба во медиумите во ЈИЕ поддршка за новинарството како општо добро, поддржан е од УНЕСКО а финансиран од ЕУ.