Преку разговорите што ги водел премиерот со господинот Радев, до петок ние ќе ослободиме дополнителни капацитети во делот на интерконекторот со Република Бугарија за снабдување со природен гас, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тоа, додаде, што ќе значи дека ќе може да се снабдуваме и од други извори.
-Сега вие можете да замислете кои би биле тие други извори – истакна Бектеши на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.