Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната од 10 до 17 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Во следните два дена ќе се задржи стабилно и релативно топло време, претпладне со значителна облачност и магла по одделни котлини и речни долини. Од четврток попладне следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со снег. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.