До 13 часот на повторните локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), повикувајќи се на податоците пристигнати од 209 избирачки места.
Како што рече на прес-конференција портпаролката на ДИК Радица Тодоровска Алексовска, гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
-Во општина Врапчиште гласале 2 613 лица или 9,58 отсто, во општина Гостивар 8,74 проценти или 7 043 гласач, во Маврово – Ростуше 10,03 отсто или 1 061 лице, додека во општина Центар Жупа 6,61 проценти или гласале 500 избирачи – истакна Алексовска.
































