Фото: ДКСК

ДКСК на денешната последна седница за 2025. година постапуваше по повеќе предмети, меѓу кои за недоставување имотен од носители на функции, за прекршувње на Изборниот законик за време на локалните избори, злоупотреби на службени положби и овластувања, за корумпираност при носење судски одлуки, при што во досегашната расправа ги запре како несновани или пак во одредени утврди дека е ненадлежна и дека за нив треба да одлучуваат други органи.

Членовите на ДКСК меѓу другото постапуваа по пријава за прекршување на Изборниот законик за време на локалните избори во 2025 година од страна на министерот за здравство, односно дека тој бил дел од јавен  настан, на која била отворена амбулатна, при постаката беше запрена, откако утврдиле дека нема законски прекршувања.

Членот на ДКСК, Цвета Ристова истакна дека побарале информации за настанот, како и документација за истиот, при што по нивна проверна било утврдено дека од страна на здравствено лице, лекар, согласно законите за здравствена заштита и општа управна постапка Министерството за здравство донело решение за основање прватна здавствена установа по општа медицина на примарно ниво во мрежата здравствени установи низ државата. По завршување на постапката за давање простор и опрема за закуп бил склучен договор за закуп со наведеното лице, по што, додаде Ристова, Министерството утврдило дека се исполнети условите за основање. По завршување на постапката министерот за здравство во работна посета за унапредување на здравствената достапност и подобрување на здравствените услови ја посетил амбулантата во село во државата со цел запознавање со нејзината работа.

Ристова додаде дека по проверката на ДКСК, е утврдено дека нема прекршување. Таа посочи дека во Изборниот законик во член 8а, став 2, алинеа 1 е наведено дека пред и по започнување на изборна кампања „не може да се започне изградба со средства од Буџетот или од јавни фондови или со средства на јавни претпријатија и други правни лица што располагаат со државен капитал на нови објекти во инфраструктурата како патишта, водоводи, далноводи, канализација, спортски игралишта и други објекти или објекти за општествени дејности училишта, градинки и други објекти, освен ако за таа намена претходно се обезбедени средства од Буџетот, односно се работи за реализација на програма донесена врз основа на закон во тековната година“.

Таа посочи дека е утврдено дека овој настан не претставува настан кој е поврзан со споменатиот член, дека станува збор за јавно-приватна установа и оти во случајот нема повреда ниту на Изборниот законик, ниту на Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Членовите не констатираа судир на интереси и во пријавата против директор на комунално претпријатие, за кој во пријавата се наведува дека тој како вработен во истото е назначен за директор, иако во претпријатието неговата сопруга работи како благајник.

Членот на ДКСК, Бесник Џемаиљи рече дека во пријавата се наведува дека ваквата состојба е контрадикторна и претставува судир на интереси, бидејќи едниот сопружник е директор, а другиот благајник.

Џемаиљи нагласи дека во законот не постои забрана блиски лица да бидат вработени во истиот орган и единствено е содржана забрана за вршење влијание при вработување на блиски роднини.

Иако постапката беше запрена, Џемаиљи потенцира дека на директорот му се препорачува при извршување на должностите да води сметка да не дојде до судир на интреси и му се укажува доколу се најде во таква ситуација дека треба да постапи по член 75 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој гласи: „Кога службеното лице ќе дознае за околности што укажуваат на постоење на судир на интереси или на потенцијален судир на интереси, е должно веднаш да побара да биде изземено и да запре со своето постапување“.

Меѓу пријавите имаше и таква која укажува на криминални дејствија на судии во основен и апелациски суд во државата. Пријавувачот навел дека веќе две години не може да си го оствари своето право на наследство на 50 проценти од компанија, оставени од неговиот дедо, поради корумпирано поведение на судии.

Џемаиљи нагласи дека ова е повреда од индивидуално право и оти не е предмет за ДКСК. Тој доде дека истата пријава ќе биде доставена до Судскиот совет.