Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати телеграма со сочувство до Линдсеј Хојли, спикер на Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство, по повод смртта на кралицата Елизабета Втора.
– Граѓаните на мојата земја во овие моменти заедно со народот во Обединетото Кралство како и ширум светот, заедно ја споделуваат тагата околу заминувањето на Кралицата Елизабета II и со почит ќе се сеќаваме на нејзините дела и огромен придонес за севкупниот развој и демократскиот просперитет на Вашата голема нација – пишува Џафери.
– Примете ги уште еднаш екселенцијо изразите на моето длабоко сочувство – се вели во телеграмата.