Од досега обработени 75,37 отсто од гласовите и податоци од 2.755 Избирачки места од вкупно 3 474, кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во вкупно 52 општини, СДСМ и Коалицијата во 9, Коалицијата ВРЕДИ во 8 Националната алијанса за интеграција во 5.
Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски води во Куманово, Курто Дудуш од Унијата на Роми во Шуто Оризари, Аријан Ибраим од Демократската партија на Турците во Центар Жупа. Во Струга и Студеничани водат независните кандидати Менди Ќура и Азем Садики.
Кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во Аеродром, Берово, Битола, Босилево, Брвеница, Бутел, Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Зелениково, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Кочани, Кратово, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица, Македонски брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново Село, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Радовиш, Ранковце, Ресен, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Чучер Сандевои Штип.
СДСМ и Коалицијата водат во општините Богдацни, Зрновци, Конче, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Лозово, Росоман и Центар.
Кандидатите од Коалицијата Вреди според досега обработените податоци водат во општините Арачиново, Боговиње, Дебар, Желино, Сарај, Теарце, Тетово и Чаир.
Кандидатите на НАИ водат во општините Врапчиште, Гостивар, Липково, Пласница и Чашка.