Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата ВРЕДИ (ВЛЕН). Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во две општини, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари.
ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Кочани, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.
Кандидатите на СДСМ имаат водство во Крушево, Македонска Каменица, Ранковце и Центар.
Коалицијата ВРЕДИ води во Тетово, Боговиње, Брвеница и Дебар, додека Националната алијанса за интеграција (НАИ) има предност во Струга и Студеничани. Унијата на Роми води во Шуто Оризари.
Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.


































