Фото: Маја Јаневска-Илиева / Архива

Јован Деспотовски денеска поднесе оставка од функцијата директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

-Немав никаков притисок од политичкиот опонент. Имам мандат до декември, но има нова политичка реалност. Ова што кулминираше деновиве, бара мој целосен ангажман – рече Деспотовски на брифинг со новинарите.

Деспотовски на брифингот ги соопшти бројките од сработеното во ТИРЗ за време на неговиот мандат.