Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има услови за краткотрајна изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 27 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 26 степени.
Следува период на посончево време со повремено зголемена попладневна облачност проследена со услови за изолирана нестабилност, краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе се одржува потопло со температури кои од денес на повеќе места ќе надминуваат 25 степени.